Оценете ја Вашата обука преку едноставниот-за-користење, автоматски софтвер за анкети за задоволство. Class Evaluator го добивате во пакет со консултантски услуги кои ќе креираат готови пораки за Вашето училишно оценување и ќе креираат автоматски тек на работата по Ваша мерка.
Ние ќе ги изработиме прашањата и поставувањето за Вас. Доколку треба да направите анкети во повеќе од едно училиште, тогаш ние ќе го поставиме бројот на училишта и, исто така, ќе го извршиме преводот за Вас доколку имате потреба од друг јазик.
Барање за предлог-цена
Вашите внесени информации се готови за секунда а поканите се испраќаат со или без одложување. Можете да ги внесете сите учесници и да известите дека ја одложувате анкетата во период до 14 дена.
Class Evaluator ќе ги потсети учесниците автоматски да одговорат на Вашата анкета. Учесниците кои ќе одговорат нема никогаш повеќе да добијат потсетување.
Бизнис советниците на Class Evaluator ќе Ви помогнат да се подобрите во однос на Вашите бизнис цели. Исто така нудиме дополнителни услуги како советување за промена и други бизнис услуги за советување, доколку Ви е потребна помош.
Class Evaluator може да се користи на повеќе јазици и во какви било анкетни прашања што би сакале да ги користите. Внесувањето на учесници може да се изврши веднаш по поставувањето.
Не е важно дали списоците Ви се направени во Excel, Google docs, Open Office или Libre office. Се' што треба да направите е да ги копирате и пренесете имињата, доколку ги имате, во email-от и Class Evaluator ќе ги состави списоците за Вас. Откако тие ќе бидат составени, Вие можете да ги закажете поканите со само еден клик.
Class Evaluator ги собира сите одговори во живо а Вие можете да ги видите сите резултати на еден екран. Доколку користите анкети со повеќе одговори тогаш ќе биде достапен во прегледот на резултатите. Исто така, автоматски го пресметуваме РЗП (резултатот од задоволството на потрошувачите) за Вашите анкети. На овој начин можете полесно да го известите Вашиот персонал за тоа што треба да се подобри со помош на број отколку преку збунувачкото процентуално учество.